Био

Кариера

* Вокален интерпретатор на македонска забавна и народна музика од 1970 г. до денес

*Учесник на многубројни музички фестивали на македонска забавна и народна музика

*Златен глас на Македонија 1970 г. на младинци пејачи

*Второпласиран на младинскиот музички фестивал на СФРЈ во Врање 1971 г.

*Учество на десетина забавно музички фестивали во Македонија , познати под името Скопје од 1972 – 1979 г

*Познати композиции од македонската забавна музика : Капка среќа (1972) Ивона (комп. Григор Копров … 1973 ) Твојот насмев (комп. Перо Христов … 1974 ) Евридика (комп. Славе Димитров …. 1975 ) Не плачи мајко (комп. Григор Копров … 1976 ) Засвири нешто од Битлси (Интерфест Битола , комп. Петар Калица … 1992 ) Ти си мојот свет (Интерфест Битола , комп. Киро Милев … 1993)

Период на новосоздадена македонска народна музика :

*Учество на повеќе од 50 фестивали на новосоздадена македонска песна меѓу кои : Цветници, Валандово Фолк Фест, Тетовски филиграни , Охридски трубадури, Песна на летото, Тримери фест и др.

*Снимени над 150 композиции на 8 носачи на звук (плочи, касети, цд и двд)

*Освоено над 30 награди почнувајќи од публиката, жирито, интерпретација, текст, аранжман, сценски настап и др.

*Одржани 2 солистички концерти во Универзална Сала во Скопје

*Одржани повеќе солистички концерти на ниво на Македонија

*Учество на 3 фестивали во дијаспората во Австралија 

*Многубројни турнеи по дијаспората почнувјќи од Австралија, Америка , Канада и Европа

*Значајни награди :1 место(публика) Цветници 1995, 1 место (жири) Охридски трубадури 1996, 1 место (публика) Валандово 1996, 1 место (публика) Валандово 1999 , 1 место (жири) Валандово 2000 и многу други втори и трети места

*3 награди за животно дело: Општина Струмица 2019, Роса Фест 2014 и Охридски Трубадури 2010

*Снимени и реализирани пове]е едночасовни емисии на МРТВ под името Мојата Слика, Мал концерт, Многу новогодишни емисии

*Снимени над 20 спотови на МРТВ

*Член на стручно жири на Валандово Фолк Фест, три години во континуитет

*Издадена монографија со целата музичка кариера за јубилејот 30 години музичка кариера со наслов “Перо Христов – Трајна Вредност”

*Издадено специјално цд за учество на Валандово …. 15 години Перо Христов на Фолк Фест Валандово

*2019 година, голем јубилеј, Перо Христов 50 години естрадна дејност, два солистички концерти во Скопје и Струмица

Познати хитови од македонската новосоздадена народна музика :

*Во црно вино утеха нема (Г.Копров)
*Плачи срце исплачи се (Б.Георгиевски)
*Како да те преболам (Г.Копров)
*Ај заиграј со мене Марија (Д.Масевски)
*Нема живот Ангелино (Т.Новачевски)
*Свадбарска (М.Барбаровски)
*Заборави ме (Г.Копров)
*Судбина било (Г.Копров)
*Песни пеам да не заплачам (Л.Манчев)
*Една звезда една солза (Г.Копров)
*Неможам љубов да кријам (Т.Новачевски) и др.